Приказна која го потресе светот:
Очи во очи со лав кој очајно ја губи битката со животот!
пред 5 месеци|500 Прегледи
Лавот на фотографијата бил еден од најсилните и најспособните во националниот парк Кругер во Јужна Африка. Фотографиите од неговите последни денови што го заобиколија светот се тажната слика за законот на природата, во која преживуваат само најсилните
Фотографот Лери Ентони Панел со часови го набљудувал лавот, кој полека умирал, и знаел дека присуствува на нешто посебно - реална слика за животот и смртта. Овој предатор веќе бил стар и во моментот кога фотографот го здогледал, бегал од слонот кој го бркал. Давал отпор колку што можел. Кога успеал да му помогне, се видело дека е слаб и гладен.
„Животот може да биде многу суров и во текот на кариерата видов многу луѓе како губат сѐ во земјотресите и пожарите. Фотографирав автомобилски несреќи во кои имаше луѓе со многу сериозни повреди. Мислам дека ниту една фотографија, ниту некој нејзин дел, не допре до мене како што допре смртта на овој лав. Седев на неколку метри од него, го фиксирав, се гледавме еден со друг и еден час гледав како го напушта животот. Сакав да знае дека не умира сам. Не сакам да звучам патетично, но се сетив на мојата баба кога беше во болница и јас ја посетив последната вечер пред да умре. Не си кажавме ни збор, и двајцата знаевме дека тоа е крај и само се гледавме в очи“, раскажува фотографот кој останал со него до последен момент.
Автора на снимката го усетихте, нядявам се..
не бях виждала нещо по покъртително..скоро..
Сакав да знае дека не умира сам
чудя се..ко те бърка Ва, Аз..или Валерий
/НИКОЙ не те посещава и търси, ти ровиш....и рикаеш..
ако е толкоз важно..ее, видяхме те, на какво приличаш..
имай малко критична..себеРефлексия,
както казава жоро Стар..
08.12.2018 22:07